Чавушоглу: Во случај на санкции од САД можеме да ги поставиме на дневен ред базите Инџирлик и Ќуреџик

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека доколку во САД биде донесена одлука за санкции врз Турција можат да се постават на дневен ред воздухопловната база Инџирлик и радарската база Ќуреџик

1321682
Чавушоглу: Во случај на санкции од САД можеме да ги поставиме на дневен ред базите Инџирлик и Ќуреџик

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал каде што изнесе проценки во однос на низа актуелни прашања.

Чавушоглу напомена дека доколку  во Соединетите Американски Држави (САД) биде донесена одлука за санкции врз Турција можат да се постават на дневен ред воздухопловната база Инџирлик во Адана и радарската база Ќуреџик во Малатја коишто се користат и од страна на САД.

Тој истакна дека не постои, ѝ правна ѝ политичка врска помеѓу купените противвоздушно одбранбени системи С-400 од Русија и борбените авиони Ф-35.

Велејќи „САД велат 'не“ за сите наши предлози. Треба да разберат дека не можат да постигнат ништо со присилно наметнување“, Чавушоглу го рече следното: „Ако САД покажат позитивен приод и ние ќе покажеме позитивен приод. С-400 не е офанзивен систем, туку одбранбен систем. Ако не купиме Ф-35 ќе треба да се насочиме кон други алтернативи."

Чавушоглу рече дека доколку во САД биде донесена одредена одлука за санкции врз  Турција, можат да се постават на дневен ред воздухопловната база Инџирлик кај Адана и радарската база Ќуреџик кај Малатја.

Мевлут Чавушоглу нагласи дека продолжува врската на САД со сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, која држи под окупација некои области на Сирија и го рече следното: "Секоја помош којашто САД ја даваат на ЈПГ/ПКК е кривично дело. Спаѓа во склопот на финансирање на меѓународниот тероризам.

Алудирајќи на воздржаноста на некои земји на НАТО по прашањето на дефинирање на ЈПГ како терористичка закана, Чавушоглу продолжи со следните зборови: "Безбедноста на Турција и на Балтичките земји е еднаква. Чекаат да бидат објавени и Балтичкиот план и нашиот план. Без да биде објавен нашиот, нема да биде објавен и другиот. Овде не постои отстапка, постои еден мал гест. Објавувањето на двата плана ќе биде едновремено. НАТО има задача да ја брани Турција."

Министерот Чавушоглу се осврна и на спогодбата помеѓу Турција и Либија во врска со разграничувањето на сферите на надлежност во морето во Средоземното Море. 

"Овој наш договор е во усогласеност со правото. Можеме да реализираме сеизмички и активности и дупчење (сондажа) со Либија. Не е правилно Грција или Европската унија (ЕУ) да донесуваат одлуки во својство на суд во однос на овие прашања коишто ги засегаат меѓународното право и судот на правдата." - рече тој. 

Велејќи дека со Либија можат да се реализираат сеизмички активности и дупчења (сондажи), Чавушоглу рече: "Никој не може да реализира активности без дозвола во нашиот континентален гребен. Ако се влезе без дозвола во нашиот континентален гребен ќе го спречиме тоа."

Мевлут Чавушоглу направи проценка и на опцијата за испраќање војска во Либија и рече: "Во Либија постои управа која е призната од страна на Обединетите нации (ОН). Така да владата на Фајез ал Сараџ која е призната и од Обединетите нации (ОН) и која се поканува и на меѓународни состаноци е легитимна и Турција ја продолжува својата комуникација со легитимната управа. Ако пристигне такво барање од Либија ќе го разгледаме."

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Кипарско-грчкиот дел за да постигне соодветен договор со Турската Република Северен Кипар (ТРСК) по прашањето на истражување на јаглеводородни извори во Источниот Медитеран, ѝ Грција треба да биде во соработка со Турција.



Слични вести