Претседателот Ердоган: Ако пристигне до нас такво барање од Либија, можеме да испратиме војска во оваа земја

Претседателот Ердоган во своето обраќање пред студентите на Универзитетот Билкент во Анкара, по повод Денот на човековите права рече: „Ако пристигне до нас такво барање од Либија, можеме да испратиме (наши војници) колку што е потребно“

1321088
Претседателот Ердоган: Ако пристигне до нас такво барање од Либија, можеме да испратиме војска во оваа земја

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на програмата на тема „Секој човек, еден свет“ што се одржа на Универзитетот Билкент во Анкара, а по повод одбележувањето на 10 декември, Денот на човековите права.

Овде, Ердоган во своето обраќање пред присутните алудираше на меморандумот за разбирање за разграничување на сферите на надлежност во морето којшто беше потпишан помеѓу Турција и Либија на 27 ноември.

Претседателот Ердоган рече: „Ако пристигне до нас такво барање од Либија, можеме да испратиме (наши војници) колку што е потребно.“

Ердоган го нагласи и тоа дека во Европа постои проблем од немање лидер и рече: „Во Европа моментално во сериозна смисла постои лидерска криза, празнина од немање лидер. Не се осмелувам да речам дека во Европа тој и тој лидер служи за пример.“ 

Изнесувајќи ги и своите размислувања во врска со американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање го рече следното: „(Американскиот претседател Доналд Трамп) Нема тајна агенда. Она што го знае го кажува мошне отворено и јасно. И кон мене зборува мошне отворено, а и јас кон него сум мошне отворен. И со Путин немаме тајни агенди. Мошне отворено и јасно ги фрламе нашите чекори, меѓусебно. Верувам дека заедно ќе го воспоставиме мирот во регионот.“

Ердоган продолжи со следните зборови: „Прашуваат кога ќе излеземе од Сирија. Ќе излеземе тогаш кога ќе излезете вие, ние ќе излеземе тогаш кога ќе ги исчистиме терористите оттаму.“

Нагласувајќи го и тоа дека Европската унија (ЕУ) и создава тешкотии на Турција по прашањето на членството, Тој рече: „Ни велат 'вие имате голем број население'. Всушност вистинската причина не е тоа. Вистинската причина е тоа што ние сме муслимани.“

Претседателот Ердоган истакна дека ако некој ден му биде доделена Нобеловата наград за мир, нема да ја прими.

„Нобел е исцрпен. Нобел, се однесува како да е во позиција на политичка, идеолошка установа. За мене Нобел нема никаква вредност. Ние како Турција апсолутно нема да учествуваме на оваа церемонија. Да се награди еден таков убиец, е исто како да се дејствува заеднички со зулумот.“



Слични вести