Министерот за национална одбрана Акар оствари телефонски разговор со својот руски колега Шојгу

Двајцата министри за одбрана во телефонскиот разговор се осврнаа на последната состојба во склопот на постигнатата спогодба во Сочи во врска со операцијата Извор на мирот која што ја спроведува Турција, во североисточниот дел на Сирија

1320562
Министерот за национална одбрана Акар оствари телефонски разговор со својот руски колега Шојгу

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу.

Двајцата министри за одбрана во телефонскиот разговор се осврнаа на последната состојба до која е дојдено во склопот на постигнатата спогодба во Сочи во врска со операцијата Извор на мирот која што ја спроведува Турција, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Хулуси Акар и Сергеј Шојгу исто така разменија мислења и во однос на одбранбени и безбедносни прашања посветени на подрачјето на градот Идлиб и во други проблематични области на Сирија.



Слични вести