Ердоган разговараше со семејството на Џафер Џејлан кој успеал да се спаси од терористичката ПКК

Претседателот разговараше телефонски со семејството на Џафер Џејлан кој успеал да се спаси од рацете на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а кој бил киднапиран од страна на терористичката организација кога имал 15 години

1320923
Ердоган разговараше со семејството на Џафер Џејлан кој успеал да се спаси од терористичката ПКК

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со семејството на Џафер Џејлан кој успеал да се спаси од рацете на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а кој бил киднапиран од страна на терористичката организација кога имал 15 години.

Ердоган разговараше телефонски со мајката Хатиџе Џејлан и таткото Абдулкадир Џејлан чие дете родум во 2000 година во 2015 година било киднапирано од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и присилно однесено на планина.

Притоа претседателот Ердоган ги изрази своите добри желби до мајката Хатиџе Џејлан која воедно учествува и на протестот со седење на мајките од Дијарбакир пред градската управа на Демократската партија на народите (ХДП) и бараат да им бидат вратени децата кои биле присилно однесени на планина.

Претседателот Ердоган му посака радост на семејството Џејлан, додека мајката Хатиџе и таткото Абдулкадир им се заблагодарија на претседателот и на безбедносните сили и се молеа што поскоро да се вратат дома и другите деца кои биле измамени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и биле присилно однесени на планина.

Мајката Хатиџе Џејлан покажа реакција против терористичката ПКК и нејзините поддржувачи и го рече следното: „Јас сум Курдка, мојот сопруг е Курд, седиме слободно во нашата куќа. Никој досега не ни се мешал. 4 години како мојот син отиде. Аллах нека им овозможи да се вратат и другите деца.“

Инаку, Џафер Џејлан кој успеа да се спаси од рацете на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, бил киднапиран од страна на терористичката организација од населеното место Кајапинар кај градот Дијарбакир пред 4 години кога имал 15 години и присилно бил однесен на планина.

Мајката Хатиџе Џејлан за својот киднапиран син присилно однесен на планина Џафер Џејлан на 8 октомври дојде пред зградата на градската управа на Демократската партија на народите (ХДП) и овде се приклучи кон протестот со седење на мајките кои бараат да им бидат вратени децата.

Џафер Џејлан откако слушнал дека неговата мајка учествува во протестот со седење избегал од терористичката организација и се вратил во своето семејство.



Слични вести