Ердоган: Доделувањето на Нобеловата награда за литература на човек расист значи наградување на кршењето на човековите права

Претседателот Ердоган објави порака по повод 10 декември, Денот на човековите права, во која истакна дека доделувањето на Нобеловата награда за литература на еден човек расист нема да значи ништо друго туку наградување на кршењето на човековите права

1320883
Ердоган: Доделувањето на Нобеловата награда за литература на човек расист значи наградување на кршењето на човековите права

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 10 декември, Денот на човековите права.

Ердоган во својата порака истакна дека доделувањето на Нобеловата награда за литература на еден човек расист нема да значи ништо друго туку наградување на кршењето на човековите права.

Нагласувајќи дека на чело на проблемите коишто му се закануваат на глобалниот мир и стабилноста се наоѓа омразата кон исламот, претседателот Ердоган рече: „Оние кои се најодговорни по ова прашање се политичарите, медиумите кои под името слобода на изразувањето го нормализираат говорот на омраза и меѓународните органзиации кои со своите актуелни структури не можат да донесат решение за денешните проблеми.“

Тој, напомена дека меѓународната заедница која 9 години како се прави дека не го слуша крикот на милиони луѓе во Сирија со овој свој молк го нанесе најголемиот удар врз вредностите кои заземаат во Универзалната декларација за човекови права.

Покажувајќи реакција на доделувањето на Нобеловата награда за литература на еден човек расист (австрискиот писател Петер Хандке), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја објави по повод 10 декември, Денот на човековите права, го напиша следното: „Доделувањето на Нобеловата награда за литература, на 10 декември Денот на човековите права, на еден човек расист кој го негира геноцидот во Босна и Херцеговина и ги брани воените злосторници, нема да значи ништо друго туку наградување на кршењето на човековите права.“

Ердоган воедно истакна дека Турција со инспирацијата што ја добива од својата државна традиција фокусирана на човекот, и во наредниот период ќе ја продолжи својата волја за реформи во сферата на демократијата и фундаменталните слободи.



Слични вести