Амбасадорот на Турција во Стокхолм Хакки Емре Јунт нема да учествува на церемонијата на Нобеловата награда

Амбасадорот на Турција во Стокхолм Хакки Емре Јунт изјави дека нема да учествува на церемонијата на доделување на Нобеловата награда поради австрискиот писател Петер Хандке

1320511
Амбасадорот на Турција во Стокхолм Хакки Емре Јунт нема да учествува на церемонијата на Нобеловата награда

Уште една реакција против австрискиот писател Петер Хандке кој се подготвува на 10 декември да ја прими Нобеловата награда за литература за 2019 година пристигна и од амбасадорот на Турција во Стокхолм Хакки Емре Јунт.

Амбасадорот на Турција во Стокхолм Јунт изјави дека нема да учествува на церемонијата на доделување на Нобеловата награда поради австрискиот писател Петер Хандке кој го негира извршениот геноцид во Босна и Херцеговина и кој во секоја пригода го истакнува своето восхитување кон поранешкиот српски лидер Слободан Милошевиќ.

Амбасадорот Јунт изјави за новинската Агенција Анадолија (АА) дека добил покана за учество на оваа церемонија, но, како што рече нема да учествува на церемонијата за доделување на Нобеловата награда.

Амбасадорот на Турција во Стокхолм Хакки Емре Јунт истакна дека претходно и од Амбасадата на Албанија во Стокхолм соопштија дека нема да учествуваат и дека ќе ја бојкотираат церемонијата која ќе се одржи на 10 декември, а како што беше соопштено со цел поддршка за блиските на жртвите во Босна.

Шведската државна телевизија „СВТ“ потсети дека Турција објави порака со која ја осуди одлуката за доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке. Шведската државна телевизија „СВТ“ ја објави и пораката на англиски јазик на Министерството за национална одбрана на Турција на социјалната мрежа Твитер.

Австрискиот писател Петер Хандке на кого му е доделена Нобеловата награда за литература за 2019 година, е голем обожавател на поранешкиот српски лидер Слободан Милошевиќ кој почина на 11 март 2006 година во притворот во Хаг во тек на судењето во Меѓународниот суд за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Косово и во Хрватска и за геноцид во Босна и Херцеговина.

Петер Хандке во една свој објавен напис во годините додека продолжуваше војната во Косово го употреби изразот „Ако ги поддржувате Србите, кренете се на нозе.“

Хандке воедно истакна дека не верува во тоа оти Србите извршиле геноцид во Сребреница.



Слични вести