Во експлозија кај Ширнак загинаа двајца припадници на безбедносните сили, а 7 мина се ранети

За време на демонтирање на експлозивна направа од рачна изработка поставена од страна на терористите, во границите на селото Сариќој во населеното место Идил кај градот Ширнак загинаа двајца припадници на безбедносните сили, а 7 мина се ранети

1320249
Во експлозија кај Ширнак загинаа двајца припадници на безбедносните сили, а 7 мина се ранети

При експлозија на експлозивна направа од рачна изработка активирана со далечинско управување од страна на терористите во подрачјето на градот Ширнак, загинаа двајца припадници на безбедносните сили, а 7 мина се ранети.

Според соопштението објавено од Губернијата на Ширнак, од страна на командата на жандармеријата во населеното место Идил кај градот Ширнак  е пронајдена експлозивна направа од рачна изработка поставена од страна на терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во границите на селото Сариќој.

Притоа во експлозијата што се случи за време на интервенцијата на експертските екипи загинаа двајца припадници на безбедносните сили, а 7 мина се ранети.

Во соопштението се нагласува дека продолжуваат со одлучност операциите во рамките на борбата против тероризмот.



Слични вести