Турција од 11 ноември до 9 декември, за неполн еден месец, депортира во нивните земји вкупно 71 странски терорист

Турција во периодот од 11 ноември до 9 декември депортира во нивните матични земји вкупно 71 странски терорист

1320115
Турција од 11 ноември до 9 декември, за неполн еден месец, депортира во нивните земји вкупно 71 странски терорист

Турција продолжува да ги депортира во нивните матични земји странските терористички борци, во чии рамки од 11 ноември досега се испратени во нивните земји вкупно 71 странски терористи.

Спроед тоа, во периодот од 11 ноември до 9 декември се депортирани од Турција во нивните матичните земји вкупно 71 странски терорист од кои 18 државјани на Германија, 11 државјани на Франција, по двајца државјани на Белгија и Холандија и по еден државјанин на Данска, Австрија, Велика Британија, Соединетите Американски Држави (САД), Ирска и државјани на некои други земји.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, во своите претходно дадени изјави рече: „По се ќе ги испратиме назад во нивните земји членовите на терористичката организација ДЕАШ. Ние не сме ничиј хотел за припадниците на ДЕАШ“, со што ја изнесе одлучноста на Турција по прашањето на испраќање на странските терористи во нивните земји.



Слични вести