Сочувство од Турција до Индија за загинатите во пожарот во Њу Делхи

Министерството за надворешни работи на Турција објави писмено соопштение во кое се изразува сочувство до Индија поради загинатите во пожарот во една фабрика во главниот град Њу Делхи

Сочувство од Турција до Индија за загинатите во пожарот во Њу Делхи

Турција го изрази своето сочувство до Индија поради загинатите во пожарот што се појави во една фабрика во главниот град Њу Делхи. 

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека се чувствува жалење поради смртта на 43 лица во пожарот во Њу Делхи.

Во соопштението се вели следното: „Го изразуваме нашето сочувство до индискиот народ и владата, како и до семејствата на загинатите во катастрофата.“

Во пожарот што се појави во една 5 спратна фабрика за картони во едната од најпрометните улици на главниот град на Индија, Њу Делхи, животот го загубија 43 лица.



Слични вести