Претседателот Ердоган: Турција со постигнатиот договор со Либија го искористи своето меѓународно право

Претседателот Ердоган во програмата на Турската радио и телевизија ТРТ во врска со постигнатиот договор со Либија рече: Грција, Израел, Египет и Јужната кипарско-грчка управа без одобрение на Турција не можат да фрлат чекор (во Источниот Медитеран)

1320438
Претседателот Ердоган: Турција со постигнатиот договор со Либија го искористи своето меѓународно право

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во заедничката програма на Турската радио и телевизија ТРТ во живо, одговараше на прашањата посветени на актуелниот дневен ред.

Ердоган рече дека Грција, Израел, Египет и Јужната кипарско-грчка управа без одобрение на Турција не можат да фрлат чекор (во Источниот Медитеран).

Укажувајќи на тоа дека со постигнатиот договор со Либија во Источниот Медитеран, Турција ги користи своите права коишто произлегуваат од меѓународното право, Ердоган рече: „На тој начин се врзани рацете и нозете на Грција, затоа се излудени.“

„До денеска постојано удираа (во Средоземното Море), зедоа. Отсега нема да биде така, веќе и ние ќе застанеме во одбрана на нашето право.“ - појасни Ердоган. 

Претседателот Ердоган во продолжение го изјави следното: „Ќе купиме уште еден брод за дупчење (сондажа). Не само во Средоземното Море и во Црното Море, овие активности ќе ги продолжиме и во меѓународните води.“

Претседателот Реџеп Тајјип истакна дека се подготвени да преговараат со сите крајбрежни земји и дека ги продолжуваат повиците за правично (фер) решение

На поставеното прашање „Дали турски војници би заминале за Либија?“ пак, претседателот Ердоган одговори: „Доколку побара Либија одлуката за тоа ќе ја донесе Турција самата, нема да побараме дозвола од никого.“



Слични вести