Претседателот Ердоган: Суровоста на Израел се поттикнува од страна на западните земји и некои арапски држави

Претседателот Ердоган денеска во своето обраќање на Самитот на министри за социјални прашања на Организацијата за исламска соработка (ОИС), во Истанбул, истакна дека суровоста на Израел се поттикнува од страна на западните земји и некои арапски држави

1320319
Претседателот Ердоган: Суровоста на Израел се поттикнува од страна на западните земји и некои арапски држави

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска говореше на Самитот на министри за социјални прашања на Организацијата за исламска соработка (ОИС), во Истанбул.

Ердоган истакна дека суровоста на Израел се поттикнува од страна на западните земји и некои арапски држави.

Претседатeлот Ердоган во своето обраќање напомена дека исламските земји кои поради различни причини се затворени во себе, залудно ги трошат своите можности и енергии, а воедно истакна дека Турција останува сама по прашањето на зулумот во Ерусалим (Кудс) и Палестина и дека суровоста на Израел речиси се поттикнува од страна на западните земји и некои арапски држави.

Укажувајќи на тоа дека империјалистичкиот начин на сфаќање го продолжува својот пат со сфаќањето за поделба, распарчување и голтање на исламските земји, Ердоган рече: „Онолку колку што би застанале добро во одбрана на децата, жените, старите, хендикепираните пред заканите коишто произлегуваат од Западот, толку би ја одбраниле нашата семејна структура. Треба да бидеме будни пред ерозијата којашто се појавува со распространувањето на содржините од западни извори во средствата за комуникација. Додека ги браниме нашите граници, на брз начин треба да ја пополниме секоја празнина, секоја пукнатина којашто ќе доведе до заробување на нашите умови.“

Претседателот Ердоган истакна дека никој не ќе може да се осмели да го преземе потенцијалниот бегалски товар во регионот каде што заедно со оние во Турција достигнува до 9 милиони лица и напомена дека на крајот и другите земји ќе дадат поддршка на проектите на Турција за изградба на нови населени места.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор покажа реакција против францускиот претседател Емануел Макрон кој е во обид за поставување еден покрај друг на исламот и тероризмот и притоа потсети дека зборот „ислам“ значи мир.

Тој се осврна и на протестите во Франција во врска со што ги употреби зборовите: „Во Париз се појавија жолтите елеци, ајде реши го тоа да видиме, сопри ги. Зошто не можеш да ги сопреш?“



Слични вести