Хулуси Акар: Турција не е купувач, туку партнер во производството на борбените авиони Ф-35

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција не е купувач (муштерија), туку партнер во производството на борбените авиони Ф-35

1320330
Хулуси Акар: Турција не е купувач, туку партнер во производството на борбените авиони Ф-35

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во дадената изјави за Агенцијата Анадолија (АА) во врска со актуелниот дневен ред истакна дека Турција го прави она што и претстои по прашањето на програмата за производство на борбените авиони Ф-35 и дека досега има платено 1,4 милијарди долари.

Акар рече дека Турција не е купувач (муштерија), туку партнер во производството на борбените авиони Ф-35.

Нагласувајќи дека откако Турција ги купи од Русија противвоздушно одбранбените системи С-400, Соединетите Американски Држави (САД) и создаваат тешкотии на Турција по прашањето на Ф-35, Хулуси Акар наведе дека се појаснува оти тоа не претставува правилен начин на однесување. 

Акар напомена дека грижата на САД во однос на тоа дека С-400 ќе бидат во интеракција со борбените авиони Ф-35 е бесмислена и рече: „Во Норвешка има С-400 и има авиони коишто летаат, тие не се во интеракција.“

Од друга страна, Акар, нагласи дека процесот на распоредување на С-400 продолжува според планираното.

Тој истакна дека Турција неуморно без здосада се обидува да им го појасни на САД прашањето со Ф-35 и рече: „Им велиме дека доколку не е можно тоа, ние нормално ќе се усмериме кон нови потраги. Ние даваме придонес и во производството на Ф-35. Илјада парчиња (од овие петта генерација борбени авиони) се произведуваат во Турција. Ќе работиме на решение. Веруваме дека постои решение по оваа работа.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар нагласи дека разговорите (по прашањето со Ф-35) продолжуваат и дека во наредните денови овие разговори би можеле уште повеќе да се интензивираат, а воедно рече дека продолжува процесот на претседателските избори во САД и дека Турција во техничка смисла е во право.

Акар додаде дека Турција би можела да купи и други различни противвоздушно одбранбени системи.



Слични вести