Хулуси Акар: ЈПГ е терористичка и целиот свет треба да знае дека тоа е така

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека ЈПГ е терористичка организација и дека целиот свет треба да знае дека тоа е така

1320187
Хулуси Акар: ЈПГ е терористичка и целиот свет треба да знае дека тоа е така

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше гостин на уредничкиот деск на Агенција Анадолија (АА) каде што даде изјави во врска со актуелниот дневен ред.

Акар истакна дека ЈПГ е терористичка организација и дека целиот свет треба да знае дека тоа е така.

Хулуси Акар во своите изјави се осврна на ЈПГ која окупира еден дел од териториите на Сирија и велејќи дека ЈПГ нема никаква разлика од сепаратистичко-терористичката организација ПКК и дека Турција нема да се откаже да води борба против неја, го рече следното: „ЈПГ е терористичка и целиот свет треба да знае дека тоа е така“.

Нагласувајќи дека Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) е посилен и позначаен со Турција и дека бесмислено е да се преиспитува Турција по ова прашање.

„Кога изнесуваме одредени работи во врска со правата и интересите на нашата земја во склопот на НАТО, тоа не треба да се сфати како став против НАТО.“ - рече Акар.

Велејќи дека јужните граници на Турција истовремено се јужни граници и на НАТО, Акар рече: „Поради тоа, кога се заштитуваат нашите јужни граници тоа е за безбедноста и на НАТО и Европа. Нашите барања (во НАТО) се работи поврзани со нашите национални интереси. Не станува збор за отстапување од овие наши погодни барања, коишто не се прекумерни.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се осврна и на протерувањето на амбасадорот на Либија во Атина, чија земја ги потпиша со Турција „Меморандум за разбирање за безбедносна и воена соработка“ и „Меморандумот за разграничување на сферите на надлежност во морето“.

Тој рече: „Тоа го оценуваме како како неспособност, слабост. Нем да влијае на резултатот. Во однос на ова прашање препорачуваме да се приоѓа со спокојство,смиреност, трпеливост, разумност и логичност, во усогласување со меѓународното право. Би сакал да истакнам дека овој договор во потполност е во усогласеност со меѓународното право. Нашата спогодба со Либија не е против ниту еден наш сосед и е постигнат за одбрана на правата и интересите на Либија и Турција, како две суверени земји.“ 

Велејќи дека нема да се дозволи да бидат прекршени правата и правото на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Хулуси Акар рече: „Нема да замижеме и да дозволиме да дојде до било каква состојба на свршен чин и би сакале секој да знае оти никако нема да биде валидно и ниту едно решение во кое нема да виде вклучено Турција.“

Во врска со операцијата Извор на мирот којашто се спроведува во Сирија, Акар истакна дека Турција го искористи своето легитимно право на самоодбрана против провокациите и вознемирувањата и од исток и од запад и дека овие провокации и вознемирувања се намалени.

„Во моментов во операцијата, се наоѓа под наша контрола територија во широчина од 145 илометри и длабочина од 30 километри.“ - рече Тој.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека процентот на поддршка на операцијата Извор на мирот кај локалното население во градовите Рака и Хасеке изнесува 57 отсто.

Нагласувајќи дека Сириската национална армија (СНА) не е терористичка група, Акар рече: „(СНА) Рамо за рамо работи со нас за одбрана на своите територии од окупацијата на терористите и за неутрализирање на терористите во подрачјето.“



Слични вести