Ердоган: Турција ќе ја даде својата максимална поддршка за истребување на ДЕАШ од Авганистан

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе ја даде својата максимална поддршка за истребување и исфрлување на терористичката организација ДЕАШ од Авганистан

1320407
Ердоган: Турција ќе ја даде својата максимална поддршка за истребување на ДЕАШ од Авганистан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на Министерската конференција „Срцето на Азија-Истанбулскиот процес“ којашто се одржува во сарајот Долмабахче во Истанбул.

Овде во своето обраќање Ердоган истакна дека Турција ќе ја даде својата максимална поддршка за истребување и исфрлување на терористичката организација ДЕАШ од Авганистан.

Тој рече: „Авганистан поминува низ чувствителен период. Како меѓународна заедница треба да ги зголемиме материјалните и духовните инвестиции за Авганистан коишто ги реализираме веќе 18 години.“

Подвлекувајќи дека додека меѓународната заедница останува посветена на своите ветрувања кон Авганистан значајно е и авганистанската влада да ги исполни своите обврски, Ердоган напомена дека се дочекуваат со задоволство позитивните чекори коишто ги фрла авганистанската влада по ова прашање.

Претседателот Ердоган направи проценка и на случувањата во Јужна Азија во врска со што го рече следното: „Регионалната соработка и солидарност се задолжителни за да бидат надминати проблемите со коишто се соочува регионот на Јужна Азија и неговата поблиска околина.“

„Ние како Турција уште од неговото формирање застанавме и застануваме во одбрана на Истанбулскиот процес“ - рече Ердоган и ја изнесе следната констатација: „Верувам дека Срцето на Азија-Истанбулскиот процес има мошне корисна и ефикасна функционалност и по прашањето на обезбедување регионална поддршка на мирот.“

Во врска со борбата против терористичката организација ДЕАШ, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Ќе дадеме  максимална поддршка за истребување и исфрлување на оваа организација од Авганистан.“



Слични вести