Генералната секретарка на Советот на Европа Буриќ: Ја цениме борбата на Турција против тероризмот

Генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ истакна дека Советот на Европа ја цени борбата на Турција против тероризмот

1320389
Генералната секретарка на Советот на Европа Буриќ: Ја цениме борбата на Турција против тероризмот

Генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ-Буриќ во говорот што го одржа на отворањето на конференцијата за Имплементација на Акциониот план за човекови права и Проектот за поддршка на негово известување, што се одржува во Истанбул, истакна дека ќе продолжат да и даваат поддршка на Турција и да соработуваат со неја во сферата на човековите права.

Буриќ појасни дека Советот на Европа ја цени борбата на Турција против тероризмот.

Велејќи дека обидот за државен удар на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО0 на 15 јули 2016 година претставува извршен напад врз демократските институции на Турција, Марија Пејчиновиќ-Буриќ рече: „Ние како Совет на Европа на брз начин ја изнесовме нашата реакција. Веруваме во значењето на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Како држави членки, сите вложуваме напори за остварување на овие цели. Ја цениме борбата на Турција против тероризмот.

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција Кристиан Бергер пак, велејќи дека Турција ќе продолжи да е значаен партнер на Унијата и рече: „Од крајно значање е соработката со Турција во сфери особено како што се миграцијата, борбата против тероризмот, економијата и трговијата и постигнувањето развој во овие сфери.“



Слични вести