Чавушоглу: Очекуваме неутрален и конструктивен став во Советот на Европа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција очекува неутрален и конструктивен став во Советот на Европа

1320057
Чавушоглу: Очекуваме неутрален и конструктивен став во Советот на Европа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа во Истанбул на отворањето на конференцијата за Имплементација на Акциониот план за човекови права и Проектот за поддршка на негово известување, истакна дека Турција се стекна со значајни придобивки од Советот на Европа чија е и основачка земја членка и дека со секој поминат ден зајакнуваат и односите коишто се потпираат на взаемна корист.

Чавушоглу напомена дека се очекува неутрален и конструктивен став во Советот на Европа.

Потсетувајќи дека во последните 20 години се донесени повеќе од 2 илјади закони коишто се во усогласеност со страндардите на Советот на Европа и легислативата на Европската унија (ЕУ), Мевлут Чавушоглу напомена дека добиената поддршка од Советот на Европа се посакува да се види и во иднина.

Чавушоглу појасни дека Турција секогаш е отворена за конструктивни критики и рече: „На чело со парламентарното крило очекуваме и од Советот на Европа да презентира неутрален и конструктивен став далеку од политички мотиви. Истовремено, очекуваме од Советот на Европа да ги интензивира и своите напори во правец на давање ефикасен одговор на актуелните проблеми во подем како што се популизмот, дискриминацијата, непријателството кон странците и настроеноста против исламот, коишто почнаа да ги потресуваат нашите заеднички вредности.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека Турција ќе ги продолжи своите придонеси кон зајакнување уште повеќе на Советот на Европа, одбрана на заедничките вредности над коишто е изграден и негово унапредување до понапредно ниво.

 



Слични вести