Турција остро го осуди терористичкиот напад во Кенија

Министерството за надворешни работи на Турција објави писмено соопштение во кое остро го осуди терористичкиот напад во источноафриканската држава Кенија во кој загинаа 10 лица

Турција остро го осуди терористичкиот напад во Кенија

Турција соопшти дека остро го осудува вчерашниот терористички напад во Кенија и го изрази своето сочувство до човечките загуби во овој напад. 

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека се чувствува големо жалење од загинувањето на 10 лица, меѓу кои има и полициски службеници, во вчерашниот реализиран терористички напад чија цел беше еден патнички автобус во движење во провинцијата Мандера во Кенија.

Во соопштението се вели следното: "Остро го осудуваме овој гнасен терористички напад. Го изразуваме нашето сочувство до семејствата на загинатите и до пријателската кениска влада и пријателскиот народ на Кенија."

Терористичката организација Еш-Шебаб вчера сопре еден патнички автобус во северниот дел на Кенија и уби 10 лица.

 



Слични вести