Претседателот Ердоган го прими во Истанбул албанскиот премиер Еди Рама

Претседателот Ердоган во сарајот Долмабахче во Истанбул го прими албанскиот премиер Еди Рама

Претседателот Ердоган го прими во Истанбул албанскиот премиер Еди Рама

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата работна канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул го прими албанскиот премиер Еди Рама. 

Приемот беше затворен за медиумите и траеше 1,5 часа.

На средбата на дневен ред беше поставен и земјотресот со јачина од 6,4 степени којшто пред извесно време ја погоди Албанија.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по земјотресот истакна дека е одлучено да бидат изградени 500 станбени објекти во Албанија за настраданите во земјотресот.

Албанскиот премиер Еди Рама допатува во Истанбул за да учествува на Конференцијата за инвестирање на јавниот и приватниот сектор на високо ниво на Организацијата за исламска соработка (ОИС). 



Слични вести