Повик од претседателот Ердоган до исламските земји за санирање на раните од земјотресот во Албанија

Претседателот Ердоган упати повик до исламските земји за санирање во најскоро време на раните од  земјотресот што ја погоди Албанија

Повик од претседателот Ердоган до исламските земји за санирање на раните од земјотресот во Албанија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на Конференцијата за инвестирање на јавниот и приватниот сектор на високо ниво на Организацијата за исламска соработка (ОИС). 

Во оваа пригода, претседателот Ердоган привлече внимание дека 21 отсто од населението на Организацијата за исламска соработка (ОИС) односно 350 милиони лица се обидуваат да се одржат во живот под прекумерни услови на сиромаштија.

„Разликата во приходите меѓу најбогатата и најсиромашната исламска земја изнесува над 200 пати. Доколку муслиманите го даваат својот зеќат (што претставува еден од петте услови на исламот, секоја година да се дава како зеќат, раздава, одреден дел од имотот и парите со кои се располага) во исламските земји нема да остане сиромашен.“ - рече Ердоган.

Подвлекувајќи дека макропоказателите и темелите на турската економија се крајно силни и здрави, претседателот Ердоган истакна дека Турција се наоѓа на чело на најподготвените земји пред влијанијата на глобалните трговски војни и бранувањата на финансиските пазари.

Ердоган рече дека се обезбедува секоја материјална и духаовна поддршка во склопот на можностите зазголемување на директните инвестирања во Турција. 

Претседателот Ердоган истакна дека се покажува голема чувствителност за да не дојде до неповолно влијание на политичките тензии коишто се доживуваат во контекст на регионалните случувања во некои земји врз трговската соработка.

Велејќи „Да се покажува грижа за грижите на нашите браќа без оглед на тоа каде се наоѓаме во светот, претставува наша главна должност“, Ердоган информира дека издал инструкција до министерот за животна средина и урбанизација за изградба на 500 станбени бјекти во Албанија која на 26 ноември беше погодена со земјотрес со јачина од 6,4 степени.

Претседателот Ердоган упати повик до исламските земји за санирање во најскоро време на раните од  земјотресот што ја погоди Албанија.

Ердоган напомена дека се крајно погодни неопходните материјални и историски услови за да би можеле да се зголемат економскиот раст и нивото на просперитет на исламските земји.

„Од вас посакувам да изразите поддршка со сите ваши можности со коишто располагате за санирање во најскоро време на раните на братска Албанија.“ - додаде претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести