Реакција од Анкара против употребата на непропорционална сила на протестите во Франција

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и Министерството за надворешни работи на Турција покажаа реакција против употребата на непропорционална сила од страна на француската полиција на протестите во оваа земја

Реакција од Анкара против употребата на непропорционална сила на протестите во Франција

Официјална Анкара покажа реакција против острата интервенција на француската полиција за време на протестите врз новинарите меѓу кои се наоѓаше и фоторепортерот на новинската Агенција Анадолија (АА). 

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во објавеното соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер ја осуди употребата на непропорционална сила од страна на француската полиција за време на протестите во оваа земја. 

Алтун го напиша следното: "Најостро го осудувам нападот со гасна бомба од страна на француската полиција врз фоторепортерот на новинската Агенција Анадолија (АА) Мустафа Јалчин кој ги следеше протестите во Париз. Како Оддел за комуникации ќе го следиме процесот заедно со нашите надлежни институции и организации."

Министерството за надворешни работи исто така објави соопштение во кое истакна дека со загриженост се следи употребата на непропорционална сила од страна на француската полиција.

Во соопштението се упатува повик до француската влада да делува согласно нормите на Европа и универзалните човекови права, а воедно се вели следното: "Ранувањето со интервенцијата на полицијата на претставниците на печатот меѓу кои се наоѓа и фоторепортерот на новинската Агенција Анадолија (АА) кои се обидуваа да ја вршат својата задача за информирање на светот за демонстрациите, го оценуваме како физичка интервенција врз слободата на печатот којашто е неприфатлива."

Во соопштението се привлекува внимание дека тоа што не е објавено соопштение со извинување од страна на официјалните француски органи ја зголемува уште повеќе очајноста на ситуацијата.

Министерството за надворешни работи на Турција воедно достави и предупредување до турските граѓани кои патуваат за Франција. 

Во соопштението се доставува предупредување до турските граѓани кои се наоѓаат или кои ќе патуваат за Франција да ги земат во предвид неповолните услови и согласно тоа да ги планираат своите патувања во оваа земја.

Во соопштението исто така се информираат турските граѓани при итни ситуации да се обратат до конзуларниот центар за повик на следните телефонски броеви: +33 180 146335 и +90 312 292 29 29.



Слични вести