Чавушоглу: Турција ќе ги преземе потребните мерки за заштита на своите бродови во Источниот Медитеран

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција ќе ги преземе потребните мерки за заштита на своите бродови во Источниот Медитеран

Чавушоглу: Турција ќе ги преземе потребните мерки за заштита на своите бродови во Источниот Медитеран

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за весникот за италијанскиот весник "Corriere della Sera" во главниот град Рим, на едно поставено прашање "Дали Турција ќе употреби сила во своите активности за истражување и дупчење (сондажа) во близина на островот Кипар во водите на Источниот Медитеран", истакна дека Турција ќе ги преземе потребните мерки за заштита на своите бродови во Источниот Медитеран.

Чавушоглу рече: "Ние сме гарантор на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Ние направивме се за изнаоѓање решение (за Кипарското прашање). Грчката страна не сака да постигне одреден договор. Предлагаме да нема еднострани дејства над активностите за истражување природен гас и приходите да се распределат од страна на комисија. Ние тоа им го доставивме на сите, кипарските Грци, Грција, Европската унија (ЕУ) и на Обединетите нации (ОН). Меѓутоа, не сакаат да соработуваат и ние бевме приморани да ги испратиме нашите бродови. Ние не сакаме да војуваме со никој, меѓутоа ако сакаме да ги одбраниме нашите бродови ќе ги преземеме неопходните мерки."

По прашањето на купување на противвоздушно одбранбениот систем С-400 од  страна на Турција од Русија пак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека постојат критики од Соединетите Американски Држави (САД), но напомена дека НАТО не и вели ништо на Турција по ова прашање.

"Спротивно на тоа, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг безброј пати истакна дека секоја земја располага со правото да го купи посакуваното оружје и посакуваниот одбранбен систем." - додаде Чавушоглу.



Слични вести