Во руралното подрачје на Тутак кај Агри се неутрализирани четворица терористи

Градската команда на жандармеријата и екипите на градската полициска управа во руралното подрачје на населеното место Тутак кај градот Агри реализираа операција во која се неутрализирани четворица терористи на ПКК

1318919
Во руралното подрачје на Тутак кај Агри се неутрализирани четворица терористи

Во реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Тутак кај градот Агри, во источниот дел на земјата, се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност е реализирана операција од страна на градската команда на жандармеријата и екипите на градската полициска управа во руралното подрачје на населеното место Тутак.

За време на операцијата дојде до вооружена престрелка помеѓу жандармериските и полициските тимови и група терористи во која се неутрализирани четворица терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Од друга страна, уште тројца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои избегале од организацијата во северниот дел на Ирак им се предадоа на турските безбедносни сили во населеното место Силопи, на турско-ирачката граница. 

Во објавеното соопштение на сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер, се истакнува дека како резултат на одлучните операции на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) продолжуваат бегствата на терористите од редовите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои им се предаваат на турските безбедносни сили.

Во соопштението се вели дека уште тројца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои избегале од местата за засолнување на организацијата во северниот дел на Ирак, им се предадоа на турските безбедносни сили во населеното место Силопи, на турско-ирачката граница.



Слични вести