Собранието на Турција го ратификува договорот со Либија за поморската граница во Средоземното Море

Договорот ја доби поддршката на пратениците на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) и опозициските партии Народната републиканска партија (ЏХП), Партијата за национално движење (МХП) и Партијата ИЈИ

Собранието на Турција го ратификува договорот со Либија за поморската граница во Средоземното Море

Договорот за определување на поморската граница помеѓу Турција и Либија во Средоземното Море е ратификуван и во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Договорот ја доби поддршката на пратениците на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) и опозициските партии Народната републиканска партија (ЏХП), Партијата за националистичко движење (МХП) и Партијата ИЈИ.

Од страна на Либија пак, договорот е ратификуван од страна на Претседателскиот совет на Владата на национално единство.

Својот потпис на договорот го стави претседателот на Советот Фајез ал Сараџ.

Овој договор со Либија јасно ги дефинира западните граници на континенталниот гребен на Турција во Источниот Медитеран (Источното Средоземје).

Со овој потпишан меморандум за разбирање помеѓу Турција и Либија се има за цел да бидат зачувани правата на двете земји во Средоземното Море кои што произлегуваат од меѓународното право.  



Слични вести