Реакција од Мевлут Чавушоглу до Атина: Либија нема да потклекне пред заканите на Грција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека протерувањето на амбасадорот на Либија во Атина од страна на грчките власти е неприфатливо и напомена дека Либија нема да потклекне предваквите закани на Грција

Реакција од Мевлут Чавушоглу до Атина: Либија нема да потклекне пред заканите на Грција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу даде изјави за претставниците на печатот во главниот град на Италија, Рим, кадешто престојува во посета.

Чавушоглу во својот говор нагласи дека протерувањето на амбасадорот на Либија во Атина од страна на грчките власти е неприфатливо.

Мевлут Чавушоглу истакна дека Либија која потпиша меморандум за разбирање со Турција во врска со разграничувањето на сферите на надлежност во Средоземното Море (договорот за поморската граница помеѓу Турција и Либија во Средоземното Море) нема да потклекне пред заканите на Грција која донесе одлука за протерување на нејзиниот амбасадор во Атина. 

Чавушоглу рече: „Дали е правилно да се заканува на една земја? Тоа не е нешто тајно. Зарем е можно да остане во тајност овој меморандум којшто е усвоен од страна на нашето собрание? Ако телефонираш и и речеш на Либија 'Ако не ми го донесеш тој документ ќе го протерам твојот амбасадор', Либија нема да потклекне пред оваа состојба. Ако побараа како човек ќе го дадеше и Либија, а ќе го дадевме и ние.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својот говор се осврна и на двата плана за одбрана во врска со иднината на НАТО кои беа прифатени од страна на лидерите на земјите членки на Сојзуот во главниот град на Велика Британија, Лондон, од 3 до 5 декември.

Чавушоглу подвлече дека без да биде објавен планот за Турција во кој ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, се дефинира како закана, апсолутно нема да биде објавен и планот за Балтичките земји.



Слични вести