Претседателот Ердоган се врати од Лидерскиот самит на НАТО во Лондон

Специјалниот авион „TRK“ во кој се наоѓаше претседателот Ердоган и делегацијата во негова придружба слета на аеродромот Есенбога во Анкара синоќа по полноќ во 00:40 часот според турско време

1318897
Претседателот Ердоган се врати од Лидерскиот самит на НАТО во Лондон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се врати во земјата од главниот град на Велика Британија, Лондон кадешто престојуваше на Лидерскиот самит на земјите членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) и во овие рамки оствари и низа средби и разговори.

Специјалниот авион „TRK“ во кој се наоѓаше претседателот Ердоган и делегацијата во негова придружба слета на аеродромот Есенбога во Анкара синоќа по полноќ во 00:40 часот според турско време.

Претседателот Ердоган на аеродромот Есенбога беше пречекан од страна на потпретседателот Фуат Октај, валијата на Анкара Васип Шахин, шефот на полицијата во Анкара Сервет Јилмаз и други високи функционери.

Заедно со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган, од Лондон во Анкара се вратија и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за спорт и младина Мехмет Мухаррем Касапоглу, портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик, пртанеикот на АК Партијата од Измир Бинали Јилдирим, шефот на Одделот за комункикации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и портпаролот на претсеадтелскиот кабинет Ибрахим Калин.



Слични вести