Нуман Куртулмуш. „Од НАТО очекуваме поддршка на Турција во борбата против тероризмот“

Треба да го прифатите фактот дека ПЈД/ЈПГ која предизвика голема материјална штета на Турција и е причина за смртта на илјадници луѓе е терористичките организација

1318828
Нуман Куртулмуш. „Од НАТО очекуваме поддршка на Турција во борбата против тероризмот“

Заменик претседателот на Партијата за правда и развој (АКП) Нуман Куртулмуш рече дека од НАТО очекуваат да биде поддршка на Турција во борбата против тероризмот.

По Самитот на НАТО во Лондон, Куртулмуш во интервјуто за Турската радио телевизија ТРТ направи проценка на заклучната декларација на Самитот на НАТО.

На прашањето. „Дали заклучната декларација на НАТО ги задоволува очекувања на Турција?“, Куртулмуш одговори:

„Секако дека изнесувањето на заедничката решителност во борбата против тероризмот е значајно, ама не е доволно. Треба да го прифатите фактот дека ПЈД/ЈПГ која предизвика голема материјална штета на Турција и е причина за смртта на илјадници луѓе е терористичките организација. Ито така и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) прифатете дека е терористичка организација. Дојдете и вас да ве видиме во борбата против ДЕАШ (ИСИЛ). Што значи дека произлегува еден поим за борба против апстрактен тероризам. Тоа теоретски можеби изгледа добро, но како ќе го спроведете во пракса ќе имаме можност да го видиме во претстојниот период.

Турција е домаќин на над 4 милиони бегалци од Сирија. Но за жал од светот и особено европските земји не пристигна доволна поддршка на нашите напори. ВО рамките на сите овие дискусии се одржа Самитот на НАТО.

Чувствителноста за прифаќањето на ПЈД/ЈПГ за терористичка организација и од страна на светот е прашање кое ја засега националната безбедност на Турција“ подвлече Кутулмуш и додаде дека „овој факт ќе продолжиме да го изнесуваме на сите меѓународни платформи и на крајот ќе победиме.“



Слични вести