МНР: Позицијата на Турција во однос на С-400 не е изменета, а може да купи и Патриот

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој изјави дека позицијата на Турција во врска со противвоздушно одбранбениот систем С-400 не е изменет и дека доколку се создадат погодни услови би можел да се купи и ракетен систем Патриот од САД

МНР: Позицијата на Турција во однос на С-400 не е изменета, а може да купи и Патриот

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 8 јануари ќе допатува во Турција по повод свеченото отворање на проектот Турски тек.

За време на оваа посета на рускиот лидер ќе бидат разгледани билатералните односи помеѓу двете земји и прашања посветени на Сирија.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој изјави дека позицијата на Турција во врска со противвоздушно одбранбениот систем С-400 не е изменет и дека доколку се создадат погодни услови би можел да се купи и ракетен систем Патриот од Соединетите Американски Држави (САД).

Аксој рече: „Едната од значајните фази на нашата енергетска соработка со Русија е проектот Турски тек чие отворање ќе се оствари на 8 јануари. Нашиот претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) во последниот телефонски разговор го покани рускиот претседател Владимир Путин да учествува на отворањето и Тој ја прифати оваа покана. Освен билатералните односи, ќе бидат разгледани и случувањата во Сирија.“

Во врска со противвоздушно одбранбениот систем С-400 којшто Турција го купи од Русија пак, портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој го рече следното: „С-400 дојдоа и се сместени. Ќе ги купиме посакуваните безбедносни механизми за воспоставување на нашата сопствена безбедност. Тоа претставува наше суверено право. И не се откажуваме од тоа. И прашањето со Патриот не е затворено, би можеле да го купиме под погодни услови.“



Слични вести