Мевлут Чавушоглу се состана во Рим со својот италијански колега Ди Мајо

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу своите средби и разговори во Рим кадешто престојува по повод „Форумот за средоземноморски дијалог-МЕД 2019“ ги започна со средба со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо

1319093
Мевлут Чавушоглу се состана во Рим со својот италијански колега Ди Мајо

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на Рим по повод „Форумот за средоземноморски дијалог-МЕД 2019“ на Институтот за меѓународни политички студии (ИСПИ), а којшто со придонесите на италијанското министерство за надворшени работи оваа година се одржува по петти пат.

Чавушоглу своите средби и разговори во Рим по повод овој настан ги започна со средба со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.

Средбата во Министерството за надворешни работи во Рим беше затворена за медиумите и траеше 45 минути.

Според добиени информации од дипломатски извори, на средбата Чавушоглу-Ди Мајо беа разгледани односите помеѓу двете земји, регионални прашања на чело со оние во Либија, Сирија и Источниот Медитеран и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Во споделената објава на официјалната сметка на Министерството за надворешни работи на Италија на социјалната мрежа Твитер во врска со средбата се истакнува следното: „Беше подвлечено значењето на искрениот и конструктивен дијалог помеѓу Рим и Анкара, како основни партнери за борба против стратешките предизвици. Беа разгледани регионалните кризи на чело со Сирија и Либија.“

Од друга страна, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на „Форумот за средоземноморски дијалог-МЕД 2019“ во Рим остварува и низа билатерални средби и разговори.

Во тие рамки, Чавушоглу се состана со специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир О. Педерсен, потпретседателот на Европската банка за обнова и развој Пјер Ејлброн, специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Гасан Саламе, министерот за надворешни работи на Нигер Кало Анкурао и либанскиот министер за надворешни работи Џибран Басил.



Слични вести