Претседателот Ердоган: Вториот Четирилатерален самит ќе се одржи во февруари, во Истанбул

Претседателот Ердоган истакна дека е одлучено Четирилатералниот самит да се одржува најмалку еднаш годишно и рече: „Сега, вториот самит ќе го одржиме во фавруари, во Истанбул. За тоа се договоривме.“

1318429
Претседателот Ердоган: Вториот Четирилатерален самит ќе се одржи во февруари, во Истанбул

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во главниот град на Велика Британија, Лондон, кадешто отпатува за Лидерскиот самит на НАТО, се состана со претставниците на педиумите.

Потсетувајќи дека Турција, Велика Британија, Германија и Франција остварија Четирилатерален самит, Ердоган истакна дека на овој самит било разговарано детално особено со операцијата Извор на мирот во Сирија.

Ердоган напомена дека на самитот им ги доставил на британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, подготвените информации и документацијата во врска со операцијата Извор на мирот.

Тој соопшти дека вториот Четворен самит Турција-Велика Британија-Германија-Франција ќе се одржи во февруари, во Истанбул.

Велејќи дека на средбата на Четворниот самит лидерите му го поставиле прашањето „Кога ќе излезете од Сирија?“, Ердоган рече: „Ние ги прашуваме нив 'Добро, вие што барате овде?'. Дали имате овде своја граница? Не. Добро, дали има провокација против вас? Нема. Дали има напад? Нема. Добро, што вие барате овде? Ние овде имаме 911 километарска граница. Ако има провокација против нас, ако има напад против нас... Ние даваме жртви. Дали вие имате било какви човечки загуби, дали имате ранети: Немате. Добро, што барате овде?“

Претседателот Ердоган нагласи дека покажал реакција против лидерите со зборовите „Од каде го добивате правото да ни го поставувате ова прашање?“ и во продолжение објасни дека им го рекол следното: „Им реков, видете, велам многу отворено и јасно; Должината знаете во Тел Абјад и Расулајн е 120 километри, длабочината 32 километри. Не е можно да ги напуштиме овие места без да се воспостави мирот. Бидејќи, ние овде донесовме мир и овој мир ќе го воспоставиме овде. Добро, што ќе стане со нивната безбедност? И тоа е под наша одговорност. Ако и вие преземете улога овде, заедно овде би ја воспоставиле и безбедноста, логистички. Претходно за ова разговаравме и со претходниот претседател на САД Барак Обама. Разговаравме со другите коалициски сили. Дури им рековме 'Вие воспоставете ја логистиката со воздушна поддршка, воспоставете ја безбедноста, ние овде би ја воделе оваа броба и против ДЕАШ и против другите терористички организации. Освен тоа, им го рековме и следното; 'За жал вие сте заедно со терористичката организација ЈПГ/ПЈД и велите 'Со нив ја уништивме ДЕАШ'. Извинете, не ја уништувате ДЕАШ. ДЕАШ е повторно на местата кадешто беше. Ние зборуваме со докази. Во ел-Баб, ние неутрализиравме над 3 илјади припадници на ДЕАШ уште во првата операција, во операцијата Еуфратски штит. Потоа, како во Африн, така во операциите кои што ги реализиравме на други места неутрализиравме илјадници припадници на ДЕАШ. Моментално во нашите затвори има припадници на ДЕАШ. Се уште продолжуваме да ги собираме. Ние уапсивме над 7 илјади припадници на ДЕАШ. Ги враќаме назад во нивните земји. И за оние кои се уште се обидуваат да влезат нашите врати се затворени. Видете, се фалат во врска со убиството на Багдади. И ние ги фативме најблиските на Багдади. Тие сега се наоѓаат во нашите центри за враќање назад. Ние сме на оваа точка. Вие сето тоа никако не го поставувате на маса.“

Велејќи дека е одлучено овој Четирилатерален самит да се одржува најмалку еднаш годишно, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Сега, вториот самит ќе го одржиме во фавруари, во Истанбул. За тоа се договоривме.“



Слични вести