Претседателот Ердоган порача уште еднаш од Лондон: Исламот е религија на мирот

Претседателот Ердоган во Лондон се состана со турските граѓани и претставниците на муслиманската заедница кои живеат во Велика Британија и притоа одовде уште еднаш порача дека исламот е религија на мирот

1317978
Претседателот Ердоган порача уште еднаш од Лондон: Исламот е религија на мирот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Лондон, кадешто престојуваше по повод Лидерскиот самит на НАТО се состана со турските граѓани и претставниците на муслиманската заедница кои живеат во Велика Британија.

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган рече: „Одовде, со ваше посредство ги испраќам моите поздрави до угнетените од Азија, Африка, Туркестан, Кашмир, Аракан, Јемен, Либија, Сирија, чии срца бијат заедно со нас. На ист начин ги испраќам моите срдечни поздрави до моите палестински браќа кои по ценат на својот живот застануваат во одбрана на Ерусалим (Кудс), нашата прва кибла.“

Велејќи „Ги проколнувам оние кои го поставуваат исламот како придавка покрај тероризмот. Некои несвесни лидери на ценети земји го користат изразот 'исламски тероризам'. Не можеме да го прифатиме тоа.“ - Ердоган нагласи дека исламот е религија на мирот.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е во доверливи раце, во безбедност, спокојство и мир.

„Денеска, во споредба со пред 17 години постои многу посилна Турција. Денеска ја нема онаа Турција над која лесно можат да се одигруваат игри, туку постои одлучна Турција која самата организира игра и ги расипува игрите. Денеска нема земја која ја отвора својата рака за само неколку милијарди долари, постои дарежлива земја која според својот национален доход доставува најголема хуманитарна помош во светот. Денеска постои Турција чија економија во споредба со 2002 година остварува раст од 3,5 пати, која својот национален доход по глава на жител од 3.500 долари го зголеми на 9.700 долари и која секоја година со бројките во извозот постојано постигнува нови рекорди. Денеска постои Турција која ја комплетира својата сообраќајна инфранструктура со  експресни патишта, мостови, железнички пруги за високобрзински возови, тунели, делници, раскрсници, вијадукти, аеродроми меѓу првите најголеми во светот, автопати коишто ги поврзауваат Азија и Европа. Денеска постои силна Турција со својата флота, која ги брани своите права и интереси во Егејското Море, Црното Море и во Источниот Медитеран. Денеска постои Турција која им ја отвора својата прегратка и која згрижува над 4 милиони угнетени и оштетени луѓе.“ - рече Ердоган.

Потсетувајќи дека зборот „ислам“ доаѓа од коренот со три букви „Син-Лам-Мим“ којшто на арапски значи „мир“, претседателот Ердоган ја изнесе следната констатација: „Исламот е религија на мирот. Никако не можете нашата религија на мирот да ја поистоветите со тероризмот и исламот да го поставите како придавка покрај тероризмот. Оние кои го користат овој израз, нека извинат, јас ги проколнувам. Нив треба да ги прашаме ова; Кој беше оној кој уби 51 муслиман во Нов Зеланд (во март) за време на клањање намаз? Беше христијанин. Дали ние велиме христијански терорист? Дали употребивме нешто такво? Не употребивме, и нема да употребиме. Зошто? И нашата религија исламот нема да дозволи такво нешто. Најпрвин да зборуваме за тоа како односите помеѓу нашите религии ќе дојдат во состојба на мир. За жал моментално некои неучтиви лидери на ценети земји во светот сѐ уште го користат изразот 'исламски тероризам'. Тоа не може. Не е можно да го прифатиме тоа. И во нашите билатерални средби безброј пати им рековме и им велиме 'Не употребувајте ги овие изрази. Вие, нас не ранувате'.“



Слични вести