Потпретседателот Фуат Октај: Треба да се ажурираат безбедносните кодови на НАТО

„Кога ќе се земат во предвид заканите против нашата земја, неизбежно е да се ажурираат безбедносните кодови на НАТО.“ - рече потпретседателот Фуат Октај

1318276
Потпретседателот Фуат Октај: Треба да се ажурираат безбедносните кодови на НАТО

Потпретседателот Фуат Октај говореше на отворањето на Саемот на кооперациите на Турција во Анкара кадешто направи проценка на актуелниот дневен ред.

Октај истакна дека треба да се ажурираат безбедносните кодови на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

„Кога ќе се земат во предвид заканите против нашата земја, неизбежно е да се ажурираат безбедносните кодови на НАТО.“ - рече Фуат Октај.

Осврнувајќи се и на потпишаниот Договор со Либија за ексклузивна економска зона, односно сферите на надлежност во морето, потпретседателот Фуат Октај рече: „Со овој историски договор за којшто ќе се гласа денеска во нашето Гази (ветеранско) Собрание, она коешто ќе добие во Источниот Медитеран ќе бидат мирот, братството на Турција и Либија.“



Слични вести