Борис Џонсон: Свесни сме за заканата од ПКК против Турција

Британскиот премиер Борис Џонсон истакна дека одржаниот четирилатерален самит со Турција во Лондон помина добро и дека овие средби ќе продолжат

1318027
Борис Џонсон: Свесни сме за заканата од ПКК против Турција

Британскиот премиер Борис Џонсон на одржаната прес конференција по Лидерскиот смаит на земјите членки на НАТО во Лондон, меѓу другото се осврна и на остварениот Четирилатерален самит со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Џонсон истакна дека одржаниот Четирилатерален самит со Турција помина добро и дека овие средби ќе продолжат.

Велејќи „Разговараме за комплицираната ситуација во северниот дел на Сирија“, Џонсон рече: „Ги прифаќаме огромните притисоци со коишто се соочува Турција поради тоа што е домаќин на 4 милиони бегалци, како и терористичката закана којашто доаѓа од (сепаратистичко-терористичката организација) ПКК, којашто пак претставува вистинска зака.“ 

Британскиот премиер Борис Џонсон напомена дека се обидуваат да ги разберат плановите на Турција во врска со северниот дел на Сирија, што сака да направи и како гледа кон иднината.

„Сите ние меѓу НАТО сојузниците сакаме да ги избегнеме погрешните разбирања. Одлучивме да ги продолжиме овие наши средби.“ - рече Џонсон. 

На едно поставено новинарско прашање дали ќе бидат прифатени британските државјани кои и се приклучиле на терористичката организација ДЕАШ, Борис Џонсон одговори: „Прекршувајќи ги британските закони тие го изгубија правото да бидат државјани на оваа земја.“

Потсетувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп сака странските терористички борци да ги испрати во нивните матични земји, британскиот премиер Борис Џонсон причината поради која Велика Британија не ги прифаќа нив, ја образложи со зборовите: „Нашиот правен систем многу го отежнува осудувањето на овие лица.“



Слични вести