Во подрачјето на планината Габар кај Ширнак се неутрализирани двајца терористи

Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека вВо реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на планината Габар кај градот Ширнак, се неутрализирани двајца терористи

1317380
Во подрачјето на планината Габар кај Ширнак се неутрализирани двајца терористи

Во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на планината Габар кај градот Ширнак, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани двајца терористи.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Турција се истакнува дека во рамките на антитерористичките операции за воспоставување на внатрешната безбедност е реализирана операција од страна на градската команда на жандармеријата во подрачјето на планината Габар кај градот Ширнак.

Во соопштението се вели дека во операцијата се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и дека операциите во подрачјето продолжуваат.



Слични вести