Трамп: „САД ги поддржува демонстрантите во Иран“

Во Иран се одржуваат големи демонстрации. Убиваат многу луѓе и за да не се дознае го затвораат интернетот..

1317110
Трамп: „САД ги поддржува демонстрантите во Иран“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ги поддржува демонстрантите во Иран.

Во рамките на посетата на Лондон каде што учествува на Самитот на НАТО, Трамп во објавата преку профилот на твитер се осврна на демонстрациите во Иран.

Трамп во објавата го истакна следното: „САД го поддржува храбриот ирански народ кој одржува протести за своите слободи. Управата на Трамп секогаш ги поддржува и ќе продолжи со поддршката на демонстрантите.“

Американскиот претседател пред објавата на твитер, на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во врска со Иран рече:

„Во Иран се одржуваат големи демонстрации. Убиваат многу луѓе и за да не се дознае го затвораат интернетот.“

Иранскиот народ кој под влијание на американските санкции поминува тешки денови, по објавувањето на информацијата на 15 ноември од страна на властите дека трипати бил поскапен бензинот, почнаа со протести.

Меѓународната организација „Амнести интернешнл“ соопшти дека во демонстрациите загинаа 208 лица.

Заменик иранскиот министер за внатрешни работи Џемал Орф во саботата рече дека податоците на Меѓународната организација АМнести интернешенел во врска со бројот на загинатите не биле точни и дека бројот на загинатите ќе биде објавен од страна на јавното обвинителство.



Слични вести