Од Трамп за средбата со Ердоган во Лондон: Разговаравме за сѐ, тоа беше одлична средба

Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека на остварената средба со претседателот Ердоган разговарале за сѐ и дека била одржана одлична средба

1317756
Од Трамп за средбата со Ердоган во Лондон: Разговаравме за сѐ, тоа беше одлична средба

По Лидерскиот самит на НАТО во главниот град на Велика Британија, Лондон, се одржа средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел.

Трамп во дадената изјава за претставниците на печатот одговараше на прашањата на новинарите во врска со неговата остварена средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

Доналд Трамп истакна дека Турција направи добра работа на границата со Сирија и во безбедната зона.

Велејќи дека оствариле непланирана средба со претседателот Ердоган, Трамп рече:„Разговаравме за сѐ. Тоа беше одлична, добра средба. Зборувавме за Сирија, за Курдите. Границата и безбедната зона одат многу добро. Имам многу добар поглед (углед) кон Турција по ова прашање. Прекинот на огнот продолжува. Според мене луѓето се зачудија од тоа.“

На едно поставено новинарско прашање во врска со членството на Турција во НАТО, Трамп го рече следното: „Голем број луѓе имаат почит кон Турција поради тоа што го направи. Многупати беше споменато тоа. Прават добри работи на границата и во безбедната зона.“

Американскиот претседател Доналд Трамп изнесе проценка и во врска со Самитот на НАТО за што рече: "Поминавме два извонредни дена. Според мене НАТО е посилно од било кога досега."



Слични вести