Ердоган на лидерите им ја подари книгата „Турција силната членка на стратешкиот сојуз“

Во книгата се анализира и ставот на Турција и другите земји членки на НАТО кон алијансата, а посебен дел е посветен на очекувањата на Турција од НАТО

1317237
Ердоган на лидерите им ја подари книгата „Турција силната членка на стратешкиот сојуз“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во рамките на Самитот на НАТО во Лондон на лидерите на четворката им ја подари книгата „Турција силната членка на стратешкиот сојуз“ која од страна на Управата за комуникации беше подготвена на турски, англиски, француски и германски јазик.

Во книгата се изнесуваат деталите за придонесот и задачите кои ги реализира Турција како земја членка на НАТО.

Во книгата се анализира и ставот на Турција и другите земји членки на НАТО кон алијансата, а посебен дел е посветен на очекувањата на Турција од НАТО. Во овој дел се изнесува очекувањето за продолжување на заедничката борба против тероризмот како и придонесот на НАТО во одбраната на Турција.

Во овој дел беше изнесено очекувањето на Турција од земјите донатори на НАТО за давање придонес во воспоставувањето на безбедната зона.

Во рамките на Самитот и на билатералните средби, освен книгата „Турција силната земја на стратешкиот сојуз“ на лидерите ќе им бидат подарени и книгите „Борбата против тероризмот на Турција“ и „Новиот живот во Сирија“ кои исто така беа подготвени од страна на Управата за комуникации.

Минатиот месец претседателот Реџеп Тајип Ердоган книгата „Борбата против тероризмот на Турција“ им ја подари на американскиот претседател Доналд Трамп и членовите на неговата делегација.



Слични вести