Алтун: „Турција е сојузничка земја која даде најголем придонес во борбата против ДЕАШ“

Турција своите вооружени сили во Сирија ги испрати со цел да се обезбеди безбедно враќање на сириските бегалци

1317186
Алтун: „Турција е сојузничка земја која даде најголем придонес во борбата против ДЕАШ“

Претседателот на Управата за комуникации Фахретин Алтун рече дека „Турција е сојузничка земја која успешно се справи со бегалската криза и даде најголем придонес за НАТО во борбата против терористичката организација ДЕАШ, поради што и сојузничките земји треба да и пружат поддршка на Турција.“

Во рамките на престојот во Лондон каде што учествува во делегацијата предводена од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган која учествува на Самитот на НАТО, Алтун на профилот преку твитер објави пораки во врска со самитот.

Алтун во објавата го истакна следното:

„Барањето на Турција е многу јасно. Како што Турција управуваше со бегалската криза и водеше успешна борба против ДЕАШ, даваме најголем придонес на НАТО и ја обезбедуваме безбедноста на сојузничките земји, така и сојузничките земји треба да ја поддржат нашата борба против тероризмот.

Земјите сојузнички на НАТО треба да ја окончаат поддршката на терористичката организација ПКК/ЈПГ/ПЈД и да ги преземат потребните активности.

Сојузничките земји треба да ги екстрадираат сторителите на обидот за државен удар во Турција на 15 јули кои се членови на терористичката организација ФЕТО и да соработуваат со нас. Исто така не треба да се дозволи терористите да се стекнат со помош, поддршка и засолниште од европските сојузници.

Турција своите вооружени сили во Сирија ги испрати со цел да се обезбеди безбедно враќање на сириските бегалци.

Турција го спречи обидот една голема област да стане безбедно пристаниште за терористите. Сојузниците наместо да ги поддржат нашите напори, не критикуваа. Исто така се осудија да ја преиспитаат нашата загриженост во врска со националната безбедност и членството во НАТО.

Турција е земја која досега дури во најопасните ситуации даде најголем придонес во заедничката безбедност на НАТО.

Немаме намера да направиме никакви отстапки од нашата национална безбедност. Како последица на една од најсериозните кризи во периодот во којшто се наоѓаме, Турција е домаќин на над 3,6 милиони сириски бегалци.

За таа цел беа потрошени многу извори и десетици милијарди долари. Европските сојузници продолжуваат да се однесуваат срамежливо кога е во прашање пружањето помош на Турција наспроти овој голем проблем.

Самитот на НАТО претставува извонредна можност за отворено разгледување на овие прашања.

Треба да се разберат потребите и загриженоста на Турција наспроти меѓународната борба против тероризмот и безбедноста. НАТО може да се зајакне единствено со рационален и конструктивен дијалог“ потенцираше Алтун.



Слични вести