Во прекуграничните операции на Турција во северните делови на Сирија и Ирак загинаа двајца турски војници

Еден турски војник загина во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, а еден  војник во операцијата „Шепа-3“ („Pençe-3“) во северниот дел на Ирак

1316556
Во прекуграничните операции на Турција во северните делови на Сирија и Ирак загинаа двајца турски војници

Во прекуграничните операции коишто ги реализира Турција во северните делови на Сирија и Ирак, загинаа (станаа шехиди) двајца турски војници.

Еден турски војник загина во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, а еден  војник во операцијата „Шепа-3“ („Pençe-3“) во северниот дел на Ирак.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана на Турција се истакнува дека еден турски војник кој беше тешко ранет во реализираниот провоцирачки напад со хаубица од страна на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК врз подрачјето на операцијата Извор на мирот и беше префрлен на лекување во болница, и покрај сите обиди на лекарите им подлегна на раните и го загуби животот.

Во соопштението се вели дека во рамките на легитимното право на самоодбрана е даден потребниот одговор против овој напад на терористите и дека притоа беа уништени утврдените терористички цели од каде беше извршен нападот.

Во истото соопштение се истакнува дека еден туркси војник загина и во вооружена престрелка со терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на операцијата „Шепа-3“ („Pençe-3“) којашто продолжува во северниот дел на Ирак, а еден ранет војник е префрлен на лекување во болница.

Во соопштението на Министерството за национална одбрана, на двајцата загинати (шехиди) турски војници им се посакува милост од Аллах и трпение на нивните семејства, а на ранетиот војник му се посакува побрзо оздравување. 



Слични вести