Претседателот Ердоган пристигна во Лондон за Самитот на земјите членки на НАТО

Претседателот Ердоган на аеродромот Станстед во Лондон, беше пречак од страна на Лорд Винсент Томсон, регионалниот заменик на британската кралица, претставникот на МНР на Обединетото Кралство Дејвид Перли и амбасадорот на Турција во Лондон Умит Јалчин

1316975
Претседателот Ердоган пристигна во Лондон за Самитот на земјите членки на НАТО

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган отпатува за главниот град на Велика Британија, Лондон, кадешто ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на НАТО.

Претседателот Ердоган на аеродромот Станстед во Лондон, беше пречак од страна на Лорд Винсент Томсон, регионалниот заменик на британската кралица Елизабета Втора, претставникот на министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Перли, амбасадорот на Турција во Лондон Умит Јалчин и вработените во амбасадата.

Заедно со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Лондон допатуваа и неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, портпаролот на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик, пратеникот на АК Партијата од Измир Бинали Јилдирим, шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.

Претседателот Ердоган од аеродромот премина во хотелот каде што ќе престојува.

Овде беше пречекан со овации од страна на голем број турски граѓани кои живеат во Лондон.

Претседателот Ердоган не остана индиферентен на овие овации на насобраните турски граѓани и заедно со својата сопруга Емине Ердоган слезе од возилото и ги поздрави насобраните.

На поставеното прашање на еден новинар „Утре ќе се одржи самитот, но претходно ќе се состанете на состанокот за Сирија. Што мислите, за што ќе се разговара?“, претседателот Ердоган истакна дека средбата оваа вечер повеќе се однесува на сириското прашање.

Велејќи дека со учество и на Велика Британија, Франција и Германија тоа ќе биде четирилатерален состанок, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Ќе се оствари средба којашто ќе трае кратко. Особено ќе изнајдеме можност за проценка на последните случувања во Сирија. Ќе направиме проценка на тоа како се одвиваат случувањата со операцијата Извор на мирот, до каде сме дојдени, што станува, меѓутоа овие земји секако се наоѓаат и меѓу коалиционите сили, поради што мислам дека ќе изнајдеме можност за средба и за тоа до каде ги исполнија задачите коишто им се паѓаат нив во коалиционите сили, до каде ги исполнуваат и која би била нивната поддршка и по прашањето на плановите и проектите коишто ги подготвуваме ние, ќе зборуваме и за тоа. Кои ќе бидат нивните барања од нас, ќе го слушнеме и тоа.“



Слични вести