Претседателот Ердоган денеска заминува за Лондон за Самитот на НАТО

Претседателот Ердоган денеска заминува за главниот град на Велика Британија, Лондон, кадешто ќе учествува на Самитот на земјите членки на НАТО кој ќе се одржи денеска и утре, а по повод одбележувањето на 70 годишнината од формирањето на НАТО Сојузот

1316369
Претседателот Ердоган денеска заминува за Лондон за Самитот на НАТО

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе отпатува за Велика Британија кадешто ќе учествува на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО кој ќе се одржи денеска и утре во Лондон, а по повод одбележувањето на 70 годишнината од формирањето на НАТО Сојузот. 

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, на состанокот кој ќе се одржи на 3 и 4 декември (денеска и утре) во Обединетото Кралство заедно со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествуваат и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак и министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

На состанокот на лидерите на НАТО се планира да се потврди значењето на евро-атлантската хармонија со дејствување во единство и солидарност против сите закани и предизвици насочени против териториите на НАТО, вклучувајќи го и тероризмот.

Освен тоа, на состанокот се предвидува да се разговара за постигнатиот напредок во работите за адаптација на Сојузот пред актуелната безбедносна средина и да се достави упатство од страна на лидерите по прашањето на подготвување на Сојузот за 2020'тите години.

По самитот се очекува да се прифати Лондонската декларација. 

Во рамките на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се планира да оствари и низа средби и разговори со претседателите на држави и влади на земјите учесници.

Освен тоа, претседателот Ердоган по повод оваа посета ќе учествува и на Четирилатералниот самит што ќе се одржи со учество на лидерите на Велика Британија, Франција и Германија. 

На овој самит ќе се разговара за регионални случувања, на чело со оние во Сирија и Либија.

Утре, на последниот ден од посетата на Обединетото Кралство, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествува и на церемонијата на свечено отворање на џамијата Кембриџ.



Слични вести