Фахреттин Алтун: Турција не ја добива очекуваната поддршка од НАТО

Фахреттин Алтун истакна дека Турција за возврат на својата оданост (приврзаност) и своите придонеси во НАТО очекува да се формира заедничка безбедносна стратегија којашто де факто ќе ги поддржува нејзините безбедносни грижи

1316583
Фахреттин Алтун: Турција не ја добива очекуваната поддршка од НАТО

Шефот на Оделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, на англиски јазик, истакна дека Турција за возврат на својата оданост (приврзаност) и своите придонеси во НАТО очекува да се формира заедничка безбедносна стратегија којашто де факто ќе ги поддржува нејзините безбедносни грижи.

Фахреттин Алтун во својата објава напиша: „НАТО кое деновиве кога меѓународната безбедносна средина станува се понеизвесна треба да донесе одредени тешки одлуки, се подготвува за еден значаен самит. Додека во последните години се зголемени заканите насочени против нашата безбедност, Турција е спремна да помогне да се стане предводник на еден стратешки дијалог. НАТО треба да ги разбере безбедносните грижи на државите членки, да ги прифати истите и согласно тоа да развива решенија, ѝ во тактичка ѝ во оперативна смисла. Заедничката безбедност на Сојзуот, само и само би можела да се воспостави со надминување на грижите на државите членки.“

Велејќи дека Турција во последните години не ја добива очекуваната поддршка од НАТО, Алтун го истакна следното: „Турција која располага со втората по големина армија на НАТО, учествува во бројни мисии на Сојузот. Ние ќе ги продолжиме нашите придонеси, меѓутоа заедно со тоа очекуваме и поддршка за нашите грижи.“

„НАТО, заканите насочени против Сојузот и државите членки може да ги реши само со разјаснување на природата на овие закани. Колективната безбедност е најзначајниот камен темелник на стабилноста во мирнодопски времиња и на безбедноста за време на војна. Доколку не бидат прифатени како што треба легитимните безбедносни перцепции и безбедносните грижи на државите членки, ќе биде ослабен Сојзуот и ќе го направи НАТО помалку доверлив.“ - напиша шефот на Оделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во својата споделена објава на англиски јазик на социјалната мрежа Твитер.



Слични вести