Во нечовечните воздушни напади на сирискиот режим врз Идлиб продолжуват да гинат цивили

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана ан Турција се истакнува дека сирискиот режим ги продолжува нечовечните воздушни напади во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во кои гинат голем број невини луѓе

1316291
Во нечовечните воздушни напади на сирискиот режим врз Идлиб продолжуват да гинат цивили

Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во последните воздушни напади на сирискиот режим врз цивилните населени места во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, животот го загубија 14 цивили, а 27 мина се ранети.

Во објавеното соопштение од Министерството се истакнува дека сирискиот режим ги продолжува нечовечните воздушни напади во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во кои гинат голем број невини луѓе.

„Во денешните напади врз два пазари и на места со цивилно население, животот го загубија 14 невини цивили меѓу кои има и деца и жени, а 27 лица се ранети.“ - се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција.

 



Слични вести