НАТО е значајна политичко-воена организација во која Турција располага со целосна политичка контрола

Министерството за национална одбрана на Турција истакна дека НАТО претставува значајна политичко-воена организација во која Турција располага со целосна политичка контрола

НАТО е значајна политичко-воена организација во која Турција располага со целосна политичка контрола

Министерството за национална одбрана на Турција одржа прес конференција во врска со придонесите на Турција во Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) и притоа истакна дека НАТО претставува значајна политичко-воена организација во која Турција располага со целосна политичка контрола.

Во соопштението на министерството се вели следното: „НАТО сѐ уште ја продолжува карактеристиката на доверлива и одржлива Алијанса со сила на одвраќање. Нашата земја ја исполнува онака како што треба одговорноста којашто и се паѓа во правец на одбраната на заедничките вредности што ги споделува со другите сојузници.“

Во соопштението исто така се истакнува дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на 23 воени вежби на НАТО во 2019 година учествуваа со 2.414 свој персонал и дека се планира да учествуваат на воените вежби и во 2020 година.

Од друга страна, во објавеното соопштение од страна на безбедносни извори во врска со ставањето вето на безбедносните планови на НАТО се вели следното: „Процедурата функционира нормално. Не е можно да се прифатат изразите 'Турција уценува'. Ние сме значајна сила на НАТО. Никој не може да дискутира за нашите придонеси во НАТО. Турција со придонесите коишто ги дава е точно во центарот на НАТО.“



Слични вести