Фахреттин Алтун: Турција како во периодот на студената војна така и потоа продолжува да одигрува силна улога во НАТО

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, пред претстојниот самит на НАТО утре и задутре во Лондон на кој ќе учествува и претседателот Ердоган, објави соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер

1315887
Фахреттин Алтун: Турција како во периодот на студената војна така и потоа продолжува да одигрува силна улога во НАТО

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун објави соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер посветено на претстојниот Самит на НАТО кој ќе се одржи утре и задутре (3 и 4 декември) во главниот град на Велика Британија, Лондон.

На Самитот на кој ќе се одбележи 70 годишнината од основањето на НАТО, ќе учествува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Фахреттин Алтун во соопштението на Твитер пред самитот привлече внимание кон мисијата на Турција во рамките на НАТО и притоа истакна дека Турција верува во идеалите на Организацијата на Северноатлантскиот договор и во нејзините мисии коишто продолжуваат.

Тој напиша: „Турција приближно 70 години како ѐ и ќе продолжи да биде сојузник за Западот, без кој се не може. Турција се приклучи кон НАТО во 1952 година и со децении беше на задача во голем број критични мисии во светот, во име на безбедноста на Алијансата.“ 

Алтун подвлече дека Турција како во периодот на студената војна така и потоа продолжува да одигрува силна улога во НАТО.

Велејќи „Веруваме во идеалите на НАТО и во неговите мисии коишто продолжуваат“, шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, нагласи дека треба цврсто да се постави на масата улогата којашто ја презема Организацијата на Северноатлантскиот договор од аспект на заедничката безбедност и иднина.



Слични вести