Аксој: Турција и Либија нема да дозволат да дојде до состојби на свршен чин во Источниот Медитеран

Портпаролот на МНР на Турција Хами Аксој информира дека потпишаниот меморандум за разбирање со Либија по прашањето на сферите на надлежност во морето на најотворен начин стави до знаење дека двете земји нема да дозволат да дојде до состојби на свршен чин

1315644
Аксој: Турција и Либија нема да дозволат да дојде до состојби на свршен чин во Источниот Медитеран

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција Хами Аксој даде писмен одговор на едно поставено прашање за изјавите на Грција и Египет во врска со „Меморандумот за разбирање за разграничување на сферите на надлежност во морето“ кој што во изминативе денови беше потпишан помеѓу Турција и Владата на национално единство на Либија. 

Аксој информира дека потпишаниот меморандум за разбирање со Либија по прашањето на сферите на надлежност во морето на најотворен начин стави до знаење дека двете земји нема да дозволат да дојде до состојби на свршен чин.

Велејќи дека со потпишаниот договор со Либија е определен еден дел од границите на Турција западно од сферите на надлежност во Источниот Медитеран, Аксој напомена дека тоа претставува потпишан договор во согласност со меѓународното право.

Хами Аксој истакна дека пред да се потпише овој договор Турција ги повика страните за соодветен консензус во рамките на праведноста и дека сѐ уште е спремна за разговори.

„Меѓутоа, пред овој приод на Турција којшто се потпира на меѓународното право и ја зема за основа праведноста, наместо да се започне со разговори, се претпочиташе да се фрлаат само еднострани чекори и да се обвинува Турција... Со последниот потпишан договор со Либија на најотворен начин е ставено да знаење дека двете земји нема да дозволат да дојде до состојби на свршен чин.“ - порача портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција Хами Аксој.

 



Слични вести