Чавушоглу: Само Шпанија ги остави своите батерии Патриот на нашата јужна граница

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека единствената земја која ги остави своите батерии Патриот на јужната граница на Турција е Шпанија и затоа рече дека Таа е вистински пријател на Турција

1315491
Чавушоглу: Само Шпанија ги остави своите батерии Патриот на нашата јужна граница

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава во еден хотел во Анталија по повод доделувањето на Државен орден за заслуги и медал на Кралството на Шпанија на членот на Управниот одбор на Турската Фудбалска Федерација и почесниот конзул на Шпанија во Анталија Хасан Акинџиоглу, меѓу другото се осврна и на купувањето на противвоздушно одбранбениот систем С-400 од Русија од страна на Турција. 

Чавушоглу истакна дека Турција има потреба од овој противвоздушно одбранбен систем и рече: "Во овој процес за жал Америка која велеше не купувајте ги С-400, ги повлече Патриотите од границата. Ги повлече и Германија, и откако ги повлече Германија, тоа го прави и Холандија. Сега и Италија рече дека ќе го повлече SAMP-T. Единствената земја која вели дека ќе го продолжи стационирањето  на своите противвоздушно одбранбени системи, своите батерии, Патриотите, на нашата граница, стана Шпанија. Шпанија е вистински пријател на Турција. Затоа многу и благодариме."

Освен тоа, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во одржаниот говор истакна дека Турција работи заедно со Шпанија по прашањето на заживување на Алијансата на цивилизациите под покривот на Обединетите нации (ОН).

"На чело на земјите во кои ние имаме најголема доверба, со кои работиме заедно во овие сфери, е Шпанија." - рече Чавушоглу.



Слични вести