Сочувство од Турција до Велика Британија поради терористичкиот напад со нож во Лондон

МНР на Турција објави писмено соопштение во кое го изрази своето сочувство до Велика Британија поради терористичкиот напад со нож во главниот град Лондон, во кој животот го загубија две лица, а тројца беа повредени

Сочувство од Турција до Велика Британија поради терористичкиот напад со нож во Лондон

Турското Министерство за надворешни работи објави порака со сочувство до Велика Британија поради вчерашниот терористички напад со нож во главниот град Лондон.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството се истакнува дека со длабоко жалење е дочекана веста за нападот во Лондон во кој животот го загубија две лица, а има и повредени. Воедно се подвлекува дека овој грозен напад уште еднаш го изнесе "подлото и безмилосно лице на тероризмот кое цели кон невините луѓе".

Во соопштението се вели следното: "Го доставуваме нашето сочувство до пријателскиот народ на Обединетото Кралство со кого сме во солидарност во овој тежок ден.  Им посакуваме трпение на блиските на жртвите во нападот, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување."

Во вчерашниот напад со нож на Лондонскиот мост, животот го загубија две лица, а тројца беа повредени.



Слични вести