Реакција од Омер Челик против Макрон: Франција ги брани своите колонијалистички интереси

Портпаролот на владејачката АК Партијата Омер Челик на последните изјави на францускиот претседател Емануел Макрон покажа реакција со зборовите „Франција наместо со духот на сојузништво делува со фокусирање за одбрана на своите колонијалистички интереси“

1314453
Реакција од Омер Челик против Макрон: Франција ги брани своите колонијалистички интереси

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик на својата сметка на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска со зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон во однос на тоа дека Турција која ја реализира операцијата Извор на мирот против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, во североисточниот дел на Сирија, не треба да очекува солидаризација од своите НАТО сојузници.

Омер Челик истакна дека францускиот претседател Емануел Макрон првенствено треба да се соочи со состојбата на сопствената земја која за одбрана на своите колонијалистички интереси реализира операции насекаде низ Африка, без притоа да го почитува правото.

Велејќи дека Макрон е личноста која е најмногу вознемирена од операциите на Турција со кои е спречено да се формираат терористички државички на северот на Сирија, Челик напомена дека Макрон исто така е и лицето кое најмногу ги угостува водечките членови на сепаратистистичко-терористичката организација.

Омер Челик нагласи дека Макрон не зборува логично и рече: „Сето она што го вели Макрон во врска со Сирија се состои од желбата за заживување со блескави реченици на колонијалистичкото минато на Франција во Сирија. Затоа работата ја води дури до поддршка на тероризмот. Има работи коишто треба да му се кажат на Макрон кој вели дека 'Турција која ја спроведува операцијата Извор на мирот не може да очекува помош од НАТО'. Постојат бројни критики во врска со тоа колку е придонесот на Франција во НАТО. Меѓутоа, секој е едногласен во однос на тоа дека НАТО не може без Турција.“

Портпаролот на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик подвлече дека насекаде низ Европа се говори за тоа оти Франција наместо со духот на сојузништво делува со фокусирање за одбрана на своите колонијалистички интереси.

„Оние кои ја критикуваат борбата на Турција против тероризмот не значат ништо. Оние кои ја критикуваат нашата борба против тероризмот се оние кои се обидуваат да настапи мозочната смрт на Европа. Ние нив постојано ќе ги потсетуваме дека треба да ги бранат демократските вредности.“ - рече Омер Челик.



Слични вести