Претседателот на Собранието Шентоп во Џибути свечено ја отвори џамијата Абдулхамид Хан Втори

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во Џибути, држава во источниот дел на Африка, свечено ја отвори џамијата Абдулхамид Хан Втори изградена од страна на Турската фондација за верски прашања „Дијанет“ (ТДВ или TDV)

1314953
Претседателот на Собранието Шентоп во Џибути свечено ја отвори џамијата Абдулхамид Хан Втори

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во источноафриканската држава Џибути официјално ја отвори џамијата Абдулхамид Хан Втори.

Во склопот на џамијата чиј камен темелник за изградба беше поставен пред 4 години од страна на Турската фондација за верски прашања „Дијанет“ (ТДВ или TDV), се наоѓа и куллије (комплексот од градби во склопот на џамијата).

Во говорот што го одржа на церемонијата на свечено отворање, Мустафа Шентоп нагласи дека џамијата Абдулхамид Хан Втори и куллијето (комплексот од градби во склопот на џамијата) кои ја презентираат османлиската архитектура да бидат ајирлија (да послужат за добро) за народот на Џибути.

Привлекувајќи внимание дека Турција и Џибути се пријателски и братски земји, Шентоп подвлече дека џамијата Абдулхамид Хан Втори и куллијето ((комплексот од градби во склопот на џамијата) во Џибути, претставуваат конкретен одраз на тоа дека односите помеѓу Турција и Џибути не остануваат само на збор.

Инаку, џамијата Абдулхамид Хан Втори е изградена откако претседателот на Џибути Исмаил Омар Гуелех за време на посетата што ја оствари претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на оваа источноафриканска држава во 2015 година рече дека посакува во својата земја да види џамија која ќе ги носи трагите на османслиската архитектура и од која ќе се слуша езан (повик за молитва, клањање намаз) на Истанбулски начин. 

Во џамијата Абдулхамид Хан Втори во ист момент ќе можат да клањаат 6 илјади лица.

Џамијата Абдулхамид Хан Втори и куллијето (комплексот од градби во склопот на џамијата) во истоимениот главен град на источноафриканската држава Џибути, којшто воедно е и значаен пристанишен град на земјата, се изградени на површина од 13 илјади квадратни метри со полнење на морето во квартот „Salines Ouest“ кадешто се наоѓа и претседателскиот дворец.



Слични вести