Потпретседателот Октај: „Инвестициите во Турција се зголемија за 12,6 отсто“

До крајот на годинава планираме да ја објавиме Националната стратегија за вештачка интелигенција

1314741
Потпретседателот Октај: „Инвестициите во Турција се зголемија за 12,6 отсто“

Потпретседателот на државата Фуат Октај рече дека инвестициите во Турција се зголемија за 12,6 отсто и покрај тоа што директните инвестиции во 2018 година во светот се намалија за 13 отсто.

Потпретседателот Октај во говорот на седницата за планирање и буџет на Големото национално собрание на Турција на која се разгледуваше буџетот на претседателството за 2020 година рече дека Канцеларијата за инвестиции во 2018 година обезбеди инвестиции во износ од 518 милиони 750 илјади долари. Во тие рамки беше обезбедено вработување за 1106 лица.

Со цел да се обезбеди ефикасно применување на големите податоци во јавниот сектор и вештачката интелигенција, до крајот на годинава планираме да ја објавиме Националната стратегија за вештачка интелигенција.

Додека во 2002 бројот на одбранбено индустриските проекти изнесуваше 66, денес оваа бројка изнесува 700“ рече Октај.



Слични вести